Учител однел 2 девојчиња на танц за ќерки и татковци, откако го изгубиле нивниот татко

Неколку седмици по смртта на нивниот татко, учителот одлучил да ги однесе на игранката на кои тие традиционално веќе 4 години оделе со татко им.

uchitel-odnel-2-devojchinja-na-tanc-za-kjerki-i-tatkovci-otkako-go-izgubile-nivniot-tatko-01.jpg

Стиви Кулберт е учител во основното училиште „Gates Elementary“ во Мичиген. На една средба со родителите тој ја забележал Шели Риси како присуствува со нејзините две ќерки Ејвори и Аливија, но без сопругот Лук.

Откако, поразговарал со неа дознал дека тој неодамна починал.

uchitel-odnel-2-devojchinja-na-tanc-za-kjerki-i-tatkovci-otkako-go-izgubile-nivniot-tatko-02.jpg
Ејвори и Аливија со нивниот татко Лук

Стиви, кој претходно им бил учител на Ејвори и Аливија, сочувствувал со семејството за трагедијата што им се случила.

„Знам како е кога страдаш како дете. Кога имав 11 години гледав како мојот постар брат се бори и умира од рак. Гледајќи го мојот брат како минува низ тоа на таа возраст сфатив дека тој е најсилната личност што ја знам“, изјави Стиви.

uchitel-odnel-2-devojchinja-na-tanc-za-kjerki-i-tatkovci-otkako-go-izgubile-nivniot-tatko-03.jpg

Потоа, тој побарал дозвола од мајката на девојчињата за да ги придружува на игранката за татковци и ќерки, организирана во нивното училиште. Тој ги однел нив заедно со двете негови ќерки.

Инаку, на оваа игранка Ејвори и Аливија традиционално оделе со нивниот татко во изминатите 4 години.

uchitel-odnel-2-devojchinja-na-tanc-za-kjerki-i-tatkovci-otkako-go-izgubile-nivniot-tatko-04.jpg

На игранката девојчињата биле дотерани во заедно со Стиви пуштиле балони во чест на нивниот прерано починат 32-годишен татко. Органите на Лук ќе бидат донирани и Стиви се надева дека оваа приказна ќе инспирира и други луѓе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg