„Сè мириса на урина, живеам во кутија за чевли“ - лошата страна на животот во Њујорк од прва рака
- Детали
- петок, 19 октомври 2018
Звучи како град од соништата - светла на сите страни, настани и светски случувања, но исто така има тон ѓубре, турканици во подземните станици и мириса ужасно.
Живеењето во Њујорк звучи гламурозно, но вистината е дека ако живеете таму на моменти ќе ви треба голема одлучност за да останете.
Во овој голем град преполн со туристи има ѓубре насекаде, лебарки и поради високите цени на недвижнините се живее во минијатурни станови.
Жители на Њујорк откриваат која е лошата страна на животот во Њујорк:
„Сè е скапо: кирија, такси, пијалаци. Ако живеете таму подгответе се да бидете банкрот.“
„Постојано има мирис на урина.“
„Има одвратни мали зелени вирчиња на краевите од улиците кои смрдат и никогаш не исчезнуваат.“
„Насекаде има мирис на ѓубре. Може да имате совршен стан, но во моментот штом излезете надвор да мириса на депонија.“
„Подземните станици стануваат пекол штом дојде летото. Буквално како да ви се топи лицето.“
„Подземните станици се топли и одвратни. Ќе ве допрат тон испотени луѓе додека да стигнете на работа наутро.“