На 100m од вулканска лава
- Детали
- среда, 06 октомври 2010
Дали би собрале храброст да се приближите до вулканската лава? Можеби вие не, но постојат авантуристи кои без проблем го прават ова. Видеото...
...подолу е снимено на островчето Амбрин, а екипата авантуристи и покрај сите предупредувања се решила да се спушти во вулканот Марум.
Најдлабоко стигнал Дру Бристол, кој од лавата бил оддалечен само 100 метри, а останатите членови спуштањето го снимале „на сигурно“ на оддалеченост од 500 метри и притоа уживале во спектакуларната глетка и звуци.
Заради топлината и штетните гасови носењето заштитни одела и маски за дишење е задолжително, а секој погрешен чекор може да значи сигурна смрт.
„Беше неверојатен спектакл. Од непосредна близина бевме сведоци на лавата и опасноста која владее во вулканите. Неспоредливо чувство“ – вели Геоф Меклеј по враќањето од мисијата.
Ова е снимка од храбрата експедиција: