Кога ќе го згрешите масерот... (фото)
- Детали
- петок, 05 октомври 2018
Австралиски туристи не се распрашале пред да се одлучат за масажа на Бали. Резултатот бил грб со црвени линии од горе до доле.
Кендис Рајсон и нејзиниот сопруг Метју од Австралија биле на 6-дневен одмор на Бали, каде Метју одлучил да се почести со масажа.
Тие се одлучиле за тип на традиционална масажа на Бали, која служи за релаксација кога сте уморни.
Во еден момент за време на третманот масерот го прашал Метју дали сака да го извади „црвениот змеј“ од него. Бидејќи не знаел за што станува збор и мислел дека ќе биде некој тип на молитва за време на масажата, Метју прифатил.
Кендис гледала како масерот почнал да го трие телото на нејзиниот сопруг со монета и му кажал дека до наредниот ден ќе биде „црвен змеј“.
Третманот се викал „gua sha“ и служел за исфрлање на нечистотиите од мускулното ткиво.
Наредниот ден грбот на Метју бил цел со црвени линии од вратот до карлицата.
Тие биле запрепастени од резултатот, но и се смееле до солзи. На крај всушност испаднало дека масажата одиграла огромна улога во ослободувањето од хроничната болка што ја имал Метју во грбот.
Пет дена по масажата лузните на грбот од Метју речиси исчезнале.
С. С. | Црнобело