Елен Деџенерис откри како се чувствувала кога станала жртва на сексуално насилство
- Детали
- сабота, 06 октомври 2018
Уште во 2005 година Елен Деџенерис откри дека нејзиниот очув ја силувал во доцните тинејџерски години.
Елен Деџенерис во едно неодамнешно гостување на „Today“ отворено проговори за тоа како се чувствувала кога станала жртва на сексуално насилство.
За време на интервјуто Елен откри дека „тој момент“ имал огромно влијание врз неа.
„Како жртва на сексуално насилство, бесна сум им на луѓето кои не веруваат во тоа и кои велат „Како може да не се сеќаваш точно кој ден било?“ Знаете, не се паметат таквите работи. Само паметите што ви се случило, каде сте биле и како сте се чувствувале. Сите жртви на сексуално насилство се бесни и во себе мислат – како се осмелувате да не ни верувате?“, изјави Елена за време на гостувањето.
Инаку, таа во 2005 година за првпат јавно проговори дека била жртва на сексуално насилство во доцните тинејџерски години од страна на нејзиниот очув. Тоа го стори со цел да го ги охрабри сите млади девојки да проговорат ако се случуваат со нешто ваков.
С. С. | Црнобело