Полицајката на должност, што хранеше напуштено гладно бебе во болница, стана херој и доби унапредување

Оваа полицајка е доказ дека постојат хумани луѓе на светот. Нејзиниот потег ја враќа вербата во човештвото. И, за среќа, сега е наградена за тоа.

policajkata-na-dolzhnost-shto-hraneshe-napushteno-gladno-bebe-vo-bolnica-stana-heroj-i-dobi-unapreduvanje-01.jpg

Аргентинската полицајка Селест Ајала е прогласена за херој низ целиот свет откако додека беше на должност хранеше гладно бебе во една болница во Буенос Аирес.

Таа била на смена во детската болница „Sister Maria Ludovica“ кога слушнала бебе како плаче. 6-месечното бебе било донесено на третман, заедно со 5 постари братчиња и сестри, откако социјалните работници ги одземале од нивните родители, кои ги запоставувале.

Според извор од болницата детето мирисало лошо и било нечисто, поради негрижата за него, но тоа не ја спречило Ајала, која има 16-месечна ќерка, да го праша социјалниот работник за дозвола да го нахрани бебето со доење, додека сè уште била во униформа.

policajkata-na-dolzhnost-shto-hraneshe-napushteno-gladno-bebe-vo-bolnica-stana-heroj-i-dobi-unapreduvanje-02.jpg

Моментот кој ги топи срцата и ја враќа вербата во добрината на луѓето го уловил на камера нејзиниот колега, полицаецот Маркос Хередиа, кој ја прикачи фотографијата на Фејсбук.

Оттогаш овој гест на љубов е споделен 113.000 пати.

Quiero hacer público este gran gesto de amor que tuviste hoy con ese bebito, que sin conocerlo no dudaste y por un...

Posted by Marcos Heredia on Tuesday, August 14, 2018

Инаку настанот се случил во средината на август, а Алаја доби унапредување на работното место во наредник.

policajkata-na-dolzhnost-shto-hraneshe-napushteno-gladno-bebe-vo-bolnica-stana-heroj-i-dobi-unapreduvanje-03.jpg

Ајала во интервју за еден аргентински медиум изјави дека се надева дека поголемиот дел од жените би избрале да направат, како што направила таа.

„Тоа беше тажен миг, ми се кршеше душата да го гледам така. Општеството треба да биде чувствително за проблемите што ги погодуваат децата, тоа не смее да се случува“, изјави таа.

Нејзиното интервју:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg