Две интересни работи во кои Ирците се слични на Македонците
- Детали
- сабота, 15 септември 2018
„Ајде тргам сега, чекај само уште ова да ти кажам, но доцна е, леле морам сега навистина да тргнам“, ви звучи познато?
Во Ирска живеат 4 милиони луѓе, кои водат многу поразличен начин на живот, отколку ние во Македонија.
Но, не е сè комплетно различно. Покрај тоа што се мала држава како нас, Ирците имаат уште некои сличности со Македонците.
Постојат две работи во кои Ирците и Македонците многу си наликуваат:
Мали разговори за семејство и времето
Во Ирска, како и во Македонија, луѓето обожаваат да ги имаат оние мали разговори околу тоа каде биле вчера, што ќе прават денес, каков им е планот за утре.
Потоа ги поставуваат истите прашања, но за брат им, сестра ми, мајка им, партнерот итн. Прашањата се во наш стил - „А што прави мајка ти?“.
Исто така, има и долги разговори за временската прогноза.
Збогување кое трае и трае
Како и на нас, збогувањето им трае со часови. Кога ќе речат дека е време за „збогум“, најверојатно ќе минат уште најмалку 10 минути во разговор. Па ќе кажат дека тргнуваат повторно, па пак ќе се замуабетат итн. Познато, зарем не?
Прочитајте и 11 докази дека претседателот на Ирска е „закон“ - чека на ред за банкомат, кучињата си ги носи секаде!
С. С. | Црнобело