Моќни фотографии кои личат на обични додека да ја прочитате приказната која се крие зад нив
- Детали
- четврток, 13 септември 2018
Понекогаш, многу обични работи може да нè изненадат со моќта на значењето кое го кријат зад себе.
Па така, кога би ги гледале само фотките во продолжение, не би помислиле дека има нешто посебно во нив.
Но, кога ќе ја прочитате невообичаената приказна која ја кријат, ќе останете изненадени.
Во продолжение погледнете неколку приказни проследени со фотофрафија:
Медицинска сестра открила дека докторот со кој таа работи, е бебето за кое таа се грижела пред 28 години, бидејќи се родил предвреме.
Овој дедо наполнил 100 години и останал до полноќ за да го проследи достигнувањето на 1 век на неговиот телефон.
Една пролет во Бугарија дошле штркови, а кога дошла ладната зима, тие почнале да умираат. Овој човек ги земал птиците во неговиот дом и ги хранел додека повторно не се стоплило.
Доктор направил специјален распоред за пиење лекови со шарени лепенки, за пациент кој не знае да чита.
Добрината не познава граници – непознат минувач забележал дека сончевиот кров на автомобилот е отворен, а надвор врнело, па ставил чадор.
Ова куче му помага на сопственикот со анксиозноста така што го става грлото на неговото уво за тој да може да слуша како таа дише, бидејќи тоа го смирува и не му се потребни лекови.
„Ова утро, мојот 26-годишен син се избори со аутизмот и конечно доби возачка дозвола“.
Рускиот уметник Валери Ермаков бил голем фан на грчката митологија но никогаш не бил во странство. Кога интернет корисниците дознале за приказната, за само 3 часа собрале потребни средства за патување до Грција и му помогнале со документи.
Пожарникар му дава вештачко дишење „уста на уста“ на куче и му го спаси животот.
„Кучето на мојот пријател си најде нов пријател на плажа“.
М. М. | Црнобело