Медицинска сестра открива дека нејзиниот нов колега е бебето за кое се грижела пред 28 години
- Детали
- вторник, 04 септември 2018
Вилма Вонг, медицинска сестра од Калифорнија, првпат го запознала Брендон Семинаторе пред 28 години, кога на 29 недели, предвреме се родил во болницата во која таа работела.
Животната поврзаност на Вилма и Брендон повторно ги споила, но овојпат како колеги.
Кога го запознала по вторпат, во истата болница во која се родил, по името и презимето сфатила дека се работи за истото недоносено бебе за кое се грижела пред речиси 3 децении.
Вонг дури се сеќава детали за неговите родители, па за да си ги потврди сомнежите, го распрашала дали навистина неговиот татко е полицаец. Откако добила потврден одговор, ѝ станало јасно дека животот навистина решил да ѝ приреди прекрасно изненадување.
Фотката пред 28 години, кога Брендон бил 29-неделно бебе во рацете на Вилма и фотка од сега – кога и двајцата се колеги:
М. Д. | Црнобело