Другарките ѝ организираа морничава моминска забава - погреб за нејзиниот сингл живот (фото)
- Детали
- вторник, 04 септември 2018
Колку пати досега во нашите кафеани сте наишле на девојки со венчиња со розови мафини пред нив како прават моминска вечер? Ова е еден сосема поинаков пристап во организирањето на ваква забава.
Кристи Хамби (27) од Флорида кога требала да ѝ организира моминска вечер на нејзината најдобра пријателка Лизи Харт одлучила работите да ги направи поинаку. Па, наместо розови мафини и бели балони, таа се одлучила за помрачна атмосфера, поточно организирала „погреб“ за сингл животот на Кристи.
За уникатната прослава девојките биле облечени во црно, а невестата во фустан во боја на крв.
Стриптизерите носеле хорор маски, а имало дури ангажирано и погребно возило за превоз на девојките до местото на забавата. Лизи со месеци се обидувала да ангажира вакво возило, но успеала во тоа.
Забавата била полна со детали кои укажувале како некој навистина да починал.
Идната невеста била презадоволна од уникатната забава.
Уникатно или бизарно?
С. С. | Црнобело