15 навики на Швеѓаните, поради кои важат за една од најсреќните нации во светот

Триковите на Швеѓаните сигурно ќе донесат повеќе среќа и во вашиот живот. Дефинитивно треба да се обидете да примените дел од нив.

15-naviki-na-shvegjanite-poradi-koi-vazat-za-edna-od-najsrekjnite-nacii-vo-svetot-01.jpg

Во Македонија малку потешко ни оди со трката по среќа, па понекогаш добро е да видиме „рецепт“ од некои од најсреќните држави на светот.

Шведска спаѓа во оваа група, а филозофијата на живот таму се крие во т.н. „lag“, што значи умереност во сè.

Навики на Швеѓаните:

- Мебелот во домот го распоредуваат на одредена дистанца едно од друго парче со цел меѓу нив да има простор за непречено движење и можност окото да ја видите убавината на секое парче мебел.

- Во домовите ставаат транспарентни завеси за да има многу дневна светлина, ѕидовите ги бојат во светли бои и ставаат фотографии од прекрасни пејзажи, кои ги релаксираат.

- Домот го уредуваат така за да релаксира и често во ноќите палат свеќи, кои ја греат душата.

- Кога купуваат нови работи, како облека на пример, се ослободуваат од две стари за да нема хаос.

15-naviki-na-shvegjanite-poradi-koi-vazat-za-edna-od-najsrekjnite-nacii-vo-svetot-07.jpg

- Документите ги сортираат и веднаш фрлаат сè што им е непотребно.

- За да заштедат време на готвење прават неделен план и едноставни оброци за викендите.

- Одгледуваат зачини во саксии во домот и ги користат при готвењето.

15-naviki-na-shvegjanite-poradi-koi-vazat-za-edna-od-najsrekjnite-nacii-vo-svetot-03.jpg

- Стануваат половина час порано за да го избегнат брзањето накај работа и смирено го започнуваат денот, затоа што имаат чувство дека имаат контрола врз времето.

- Наутро полека пијат чај, а кога им дозволуваат обврските си заминуваат порано од работа.

- Со колегите одат на кафе паузи наречени „Fika“, кои ја подобруваат работната атмосфера и ја зголемуваат ефикасноста на работното место.

- По вечерата прават прошетки во близина на нивните домови наречени „Kvällspromenad“ за да се релаксираат пред спиење.

- За да можат да шетаат по секакви временски услови, особено за време на викендите, си купуваат соодветна опрема.

15-naviki-na-shvegjanite-poradi-koi-vazat-za-edna-od-najsrekjnite-nacii-vo-svetot-04.jpg

- Природата ја носат во домот преку употреба на природни материјали како дрво, волна итн.

- Се трудат да го исфрлат „ѓубрето“ од умот така што го сведуваат на минимум времето минато во гледање на телевизија и седење на социјалните мрежи.

- Секогаш одвојуваат време за омилените активности.

15-naviki-na-shvegjanite-poradi-koi-vazat-za-edna-od-najsrekjnite-nacii-vo-svetot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg