84-годишниот маж што научи да ја шминка својата слепа сопруга повторно топи срца
- Детали
- среда, 29 август 2018
Кога ќе ја чуете приказната на овој стар брачен пар, на љубовта ќе погледнете со други очи.
Дес Монахан (84) е маж кој пред неколку месеци стана вирална сензација затоа што научи како да ја шминка својата 83-годишна сопруга Мона, откако таа почнала да го губи видот.
Светот се вљуби во него. Прекрасниот старец од Ирска сакал да ѝ покаже на својата сопруга дека нема потреба да се грижи што повеќе не може да се средува како порано затоа што тој ќе се грижи таа постојано да биде во своето најдобро издание.
Додека ја шминкаше сопругата, со која е 57 години во брак, ѝ велеше дека изгледа беспрекорно.
Сега тој сними уште едно видео каде открива како изгледа целата процедура, каква пудра ѝ нанесува, но и вели дека не ѝ е потребно многу шминка затоа што таа е совршена таква каква што е.
Мона е свесна дека наскоро ќе ослепи сосема, но подготвена е да се соочи со тој предизвик затоа што знае дека нејзиниот Дес секогаш ќе биде тука за да се грижи за неа.
Ден повторно сними видео во кое ја шминка сопругата.
Фотки од најновиот туторијал:
С. С. | Црнобело