Ќе стигнат проѕирни авиони
- Детали
- среда, 22 септември 2010
Компанијата Airbus го претстави својот амбициозен план за правење на проѕирни патнички авиони. Според нивната идеја, авионот со само едно...
...притискање на копче ќе стане апсолутно проѕирен.
По теорија, со стискање на копчето, пилотот би пратил електричен пулс низ керамичката површина на авионот, што ќе го направи целосно проѕирен.
“Со еден ваков авион патниците би доживеале една сосема нова димензија на летањето” изјавил Аксел Креин, шефот на одделот за истражување и технологии.
“Им кажавме на инженерите да ја пуштат својата фантазија на слобода. Тоа што го добивме се сосема реалистчни визии за летањето во 2050 година. Најважно е тоа што за голем дел од идеите на нашите луѓе, техонологиите веќе постојат.” Додава Креин.
Помеѓу останатите идеи е и идејата за авион кои сам се поправа со помош на нано-технологија. Инаку, овие концепти на летање се преставени на саемот во Farnsboroughu.
Да се надеваме дека ќе доживееме да го видиме ова!