Зошто Словенија е еколошки најсвесна земја во светот?
- Детали
- недела, 19 август 2018
Интересен е фактот што најодржливата и еколошки најсвесната земја на светот се наоѓа во наша близина.
Според Обединетите нации, 2017 година беше година на одржливиот развој на туризмот, а најмногу поени доби Словенија. Таа всушност исполнува 96 од 100 индикатори на одржливост, а веднаш под неа доаѓаат држави кои имаат околу 80/100 поени во тој поглед.
Оваа држава може да се пофали со одлично справување со климатските услови, биодиверзитет, екологија, културна автентичност и сето тоа како резултат на скапиот пакет еколошки мерки и закони.
Сиот отпад кој завршува во морето се чисти уште во почетните фази и потоа се селектира врз основа на потеклото. Со тоа, најмалку една третина од вкупниот отпад оди на рециклирање.
Речиси во сите градови евтино се изнајмуваат велосипеди, а возилата на јавниот превоз возат на природен гас. Со тоа се намалува емисијата на штетни гасови.
Исто така, повеќе од 60% од територијата на Словенија е прекриена со шума и зеленило, има 40 национални паркови и резервати, а во неа живеат над 20.000 видови животни и растенија.
Во исто време, се вложуваат многу пари и ресурси во одржувањето на јавната чистота во поголемите и помалите градови. Граѓаните го селектираат и отпадот од домаќинството, а сето тоа понатаму е исплатливо.
Со сето ова, Словенците навистина треба да бидат горди на она што го имаат, создаваат и сочувуваат.
Е. Д. | Црнобело