Навала за Louis Vuitton
- Детали
- среда, 15 септември 2010
Луксузната модна куќа Louis Vuitton ги затвора своите продавници во Париз, еден час порано од вообичаено, за робата да не се распродаде пред Божиќ.
Louis Vuitton е француска модна куќа специјализирана за луксузни кожни производи.
За да ги сочува производите кои си имаат на залиха, тие решиле да го скратат работното време во продавниците во центарот на модата – Париз.
“Затвораме во 18 наместо во 19 за да може да ги обновиме залихите пред почетокот на божиќната сезона“.
Овие продавници се најчеста мета на туристите, а посебно се популарни меѓу јапонците, кинезите и русите.
Чантите на Витон им се далеку поисплатливи отколку во Токио, Пекинг или Москва.
Ако ние немаме доволно за ваков луксуз, изгледа дека голем број од луѓето низ светот и тоа како имаат.