Фотки и видеа од новите поплави на Ситонија, вториот крак во Грција
- Детали
- среда, 27 јуни 2018
Грција повторно се соочува со проблеми со невремето кое ја зафати изминативе неколку дена, а последиците најмногу се почувствуваа во централниот дел, како и на вториот крак Ситонија.
Како што јавуваат луѓето кои решиле јуни да го искористат за одмор во гратчињата низ Ситонија, состојбата таму не е нималку „летна“ и пријатна.
Поројните дождови создале цели реки од вода која ги поплавила автомобилите и продавничките во приземјето на зградите.
Најпогодени се туристичките места Никити и Ормос Панагиас, а од неколку хотели евакуирани се гостите и преместени во други, побезбедни сместувања.
Ова се првите фотки и видеа кои ги споделија туристите по социјалните мрежи:
М. Д. | Црнобело
Фото: Фејсбук