Војник преку видео разговор го следи породувањето на сопругата, бидејќи летот му бил откажан
- Детали
- среда, 23 мај 2018
Патниците на аеродромот во Далас не можеле да ги свртат погледите од емотивната глетка која ги затекнала – војник седнат на земја, „зјапа“ во неговиот телефон.
Неговото лице прикажувало емоции на шок, а можело да се забележи и по некоја солза, а причината им го стопила срцето на сите.
Тој го гледал раѓањето на неговата ќеркичка преку видео разговор, бидејќи не можел да стигне да присуствува на породувањето на сопругата.
Специјалецот Брукс Линдзи брзал да си оди дома од Тексас, додека неговата сопруга имала итна индукција на породување во домот во Мисисипи, бидејќи се соочила со висок крвен притисок.
Докторот ѝ кажал дека за 1 час мора да го извадат бебето, а таа се јавила во Црвениот крст за да му испратат итна порака на сопругот, со оглед на тоа што војниците ги пуштаат дома во вакви случаи само ако некој од мајката или бебето е во тешка или итна состојба како оваа.
Но, одложениот лет го спречил овој посветен сопруг да стигне дома и да го види раѓањето на неговото бебе.
„Мајка ми ми се јави и ми кажа дека Хејли почнала да се породува. Прво, докторите не дозволија видео, но кога дознаа што се случува и дека веќе се гледаме со видео разговор, дозволија да го следам целиот процес.“
Подоцна, неговата сопруга објави видео од него како го гледа породувањето и од неговите реакции:
Here’s the video of Brooks Lindsey watching Millie come into the world ?
Posted by Haley Fritz Anne Lindsey on Saturday, May 5, 2018
Тој стана вирален хит благодарение на минувачка која забележала дека Брукс го следи раѓањето на неговата ќерка, го фотографирала и ја објавила фотката на Инстаграм и напишала:
„Овој војник беше на мојот одложен лет вчера и мораше да го гледа раѓањето на неговата ќерка преку FaceTime. Тој плачеше и нашите срца се кршеа. Сите му дадовме простор, а кога слушна како бебето плаче, сите се радувавме за него. Сакав да го споделам ова бидејќи никогаш не сакам да заборавиме на нашите војници кои служат за нас секој ден и како се жртвуваат.“
This Army soldier was on my delayed flight home yesterday to MS. He had to watch the birth of his daughter on FaceTime....
Posted by Tracy Dover on Saturday, May 5, 2018
This Army soldier was on my delayed flight home yesterday to MS. He had to watch the birth of his daughter on FaceTime....
Posted by Tracy Dover on Saturday, May 5, 2018
Родителите сега се пресреќни и направиле преслатка заедничка фотосесија со ќеркичката, која ја објавија на Фејсбук:
М. М. | Црнобело