Инспиративна девојка со една рака не се откажува од соништата - танцува и јава коњи
- Детали
- четврток, 03 мај 2018
Родена е со една рака, но испраќа порака дека може да стори сè, само на малку поинаков начин од другите.
Ешли Шерман е 23-годишна девојка од Флорида која е родена без подлактицата од десната рака, но на крајот од лактотот има мали прсти, кои и помагаат во извршувањето на секојдневните работи.
Поради тоа Ешли морала да смисли поинаков начин како да им пристапува на работите во животот, но не дозволила овој недостаток да ја спречи во тоа да го живее животот со полн здив.
Таа е професионална танчарка, обожава да јава коњи, да вежба, да свири на пијано. Периодов води видео дневник на Инстаграм и прикажува како изгледа нејзиниот живот и колку адаптации мора да прави.
Инспиративната Ешли вели дека може да стори сè само на малку поинакво начин. Сака да испрати порака дека до сите ги прават работите на свој начин дека нема ништо погрешно во тоа.
Како изгледа нејзиниот живот:
С. С. | Црнобело