Должна сум до гуша и живеам со родителите, но како да не одам на свадба кај пријателките?

„Последниве четири години сум била на дваесетина свадби. Си потрошив цело богатство за туѓи венчавки и момински вечери. А, сега имам долгови што морам да ги враќам кон банката.“

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-1.png

Дали воведот ви звучи познато? Нам ни се чини дека ја отсликува реалноста на мноштво македонски граѓани.

Што кога календарот ви е полн со датуми за венчавки, а паричникот е празен за да ги покриете трошоците?

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-2.jpg

Приказната што ја споделуваме е исповед на британката Џорџина Чајлдс (30), која не умее да каже „не“, кога и да ѝ стигне покана за свадба.

Сигурно ќе се препознаете и вие, или, пак, некој близок во нејзините зборови:

Кога ќе добијам покана, почнувам цела да треперам. Би сакала да можев да кажам „не“, но како да им објаснам на своите пријатели, дека нивната венчавка не ми се вклопува во буџетот? Знам каква е процедурата на свадбите. Невестата ќе чекори до олтарот, темата ќе биде цветна и со зеленило, а мојата банкарска сметка ќе биде осиромашена за нови 270 фунти. Ова се само трошоците за подарок, фустан, превоз и сместување. Моминските вечери се посебна приказна.“

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-6.jpg

Во рок од четири години, потрошила околу десет илјади фунти на туѓи свадби. Две третини за самата венчавка, а останатото на моминските забави. Честопати, дури и пријателките ѝ барале пари на заем. Таа им давала, но никогаш не ѝ ги вратиле.

Некогаш многу сакав да одам на свадби. Сѐ ми беше некако ново и возбудливо, иако чинеше многу. Но, имав пари. Сепак, од пред четири години, поканите почнаа да ми стигаат пребрзо и пречесто. Календарот ми беше полн со обележани датуми, а пари имав сѐ помалку. Ме фати паника. Чувствував дека сите останати гости можат да си дозволат повеќе пари за подарокот, а јас не. Ми беше притисок и морав некако да го издржам. Единствениот начин беше да плаќам за сѐ со кредитна картичка. Се трудев да ги покријам сите трошоци.“

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-3.jpg

Лани ги пречекорила лимитите со картичката. Се обидела да ги намали трошоците, купувајќи поскромни подароци и позајмувајќи фустани. Меѓутоа, долгот само си растел.

„Од дваесетте свадби на кои бев во последните четири години, тринаесет беа во Лондон. Дел од тие церемонии беа мошне луксузни, па непријатно ми беше да дојдам во евтин фустан. Тоа е причината поради која за една креација потрошив 250 фунти. Повеќето гости на свадбите се истите луѓе, па не можам да се појавам во иста облека. Би приметиле. Посакувам да не постои толкав притисок да се биде совршен гостин. Мината година бев поканета на венчавка во Италија. Кога ја видов поканата – се разболев. На крајот си потрошив 800 фунти за летови, сместување, храна, пијалаци и секако, на подарокот. Имав уште еден куп други трошоци дента пред и после свадбата.“

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-4.jpg

За да присуствува на многубројните свадби, таа изостанувала од работа, или, пак, земала денови од годишниот одмор. Сега има долг од 2000 фунти кон банката и живее со родителите.

„Поради лошата финансиска состојба, принудена бев да се иселам од мојот стан, па се вратив да живеам со мајка ми и татко ми. Сакам да заштедам пари за да се извлечам од долговите. Не паметам од кога си немам купено нешто, а да не било поврзано за свадба. Дури и кога стигнав кај своите родители, ме дочекаа две нови покани. Би сакала да одам на една до две венчавки годишно, но најпрво ќе почекам да ми се опорави банкарската сметка. А, тоа нема да биде така брзо.“

dolzhna-sum-do-gusha-i-zhiveam-so-roditelite-no-kako-da-ne-odam-na-svadba-kaj-prijatelkite-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg