„Тежи“ 112 милијарди долари, а се однесува како робовладетел - работничките права во Амазон

Доколку мислите дека само во Македонија директорите и шефовите имаат нечовечки однос кон вработените, размислете два пати. Според најновите обвиненија, работниците во компанијата Амазон биле принудени да уринираат во шишиња.

Rabotnickite-prava-vo-Amazon-01.jpg

Ова можеби не би нè изненадило доколку се работеше за некоја фабрика покрај Амазон во Јужна Америка, а не за гигантот во онлајн продажбата Амазон. За вакви слични случаи сме слушнале и во нашите фабрики и текстилни работилници, но ниту на крај памет не ни паѓа дека ова може да се случува и на запад.

Според информациите, вработените во Амазон во Обединетото Кралство мораат да уринираат во шишиња за да избегнат казни за напуштање на работното место поради тоа што мора да одат во тоалет. 

Ова го тврди авторот истражувач Џеред Бладворт, којшто вели дека 6 месеци работел инкогнито во магацин на Амазон, додека ја пишувал својата нова книга за работата со минимална плата во Обединетото Кралство.

Тој вели: За оние коишто работеа на најгорниот кат, најблиските тоалети беа надолу по 4 ката скали. Луѓето уринираа во шишиња бидејќи им беше страв дека ќе бидат казнети за неискористено работно време и дека може да добијат отказ.

Работниците коишто работат во магацините на Амазон честопати мораат долго да патуваат до своето работно место каде сортираат и пакуваат предмети. Тие се под константен ризик дека може да бидат отпуштени, бидејќи постои систем на следење којшто забележува колку долго им треба за да ги извршат нарачките. 

Rabotnickite-prava-vo-Amazon-02.jpg

Според Бладворт, работниците пешачат дури 14 km дневно во просек, додека имаат минимални паузи во смената која трае по 10 часа. Во магацинот на 4 ката, каде што тој работел, потребни биле цели 10 минути само за да се стигне до тоалетот, којшто бил оддалечен 400 метри од најгорните работни места.

Работниците давале искази и за други истражувачи каде објаснуваат дека за да постигнат квота од 100 пратки на час, тие мораат да сортираат 100 парчиња во рок од 60 минути, а тие може да бидат каде било во магацинот. 

Ова се работи за нормални денови, а во денови кога има многу работа може да се дојде и до 120 или 140 пратки на час, што е речиси невозможно.

Се разбира, компанијата Амазон ги негира овие обвинувања и тврди дека не верува дека луѓето спомнати во текстот на Џеред некогаш работеле во Амазон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg