Во Кина се следи секој чекор на граѓаните со бодување, а има и „црна листа“ за непримерните

Можеби ви звучи како извадок од научно-фантастична книга, но реалноста е дека во Кина се спроведува оценување на граѓаните врз основа на нивните постапки во општеството.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista-01.jpg

Кинеските власти тврдат дека 7 милиони луѓе се казнети со забрана за користење на авионски услуги, а 3 милиони се казнети со забрана на користење на брзите возови, бидејќи системот ги оценил како „недоверливи личности“.

43-годишниот новинар Лиу Ху е еден од овие луѓе. Тој бил непријатно изненаден додека се обидувал да се качи на авион, кога дознал дека му е забрането користење на авионските услуги.

Лиу бил ставен на листата на „нечесен персонал“, бидејќи му била изречена казна за клевета во 2015 година и според судот казната сè уште не била платена. Тој тврди дека казната ја платил, но и покрај тоа не му е јасно како може да биде ставен на листа со забрана, без притоа да биде известен за тоа.

Покрај ова, како и останатите 7 милиони казнети, на Лиу му е забранет престој во хотел со повеќе ѕвездички, забрането му е да купи куќа, да оди на одмор, дури и да ја прати ќерка му во приватно училиште.

А неодамна кинеските власти изјавиле дека ќе бараат и да им се замрзнат сметките на луѓето кои се оценети како „нечесен персонал“.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista (2).jpg

Од друга страна пак, луѓето добиваат бонус поени за донирање крв и добротворна работа.

Но, како функционира овој систем на бодување?

На пример, во градот Сужу во источна Кина, се користи систем каде што секој граѓанин се бодува на скала од 0 до 200 поени. Сите граѓани почнуваат со 100 поени, па така се заработуваат поени со дарување крв или добротворна работа, а се губат поени со непочитување на законот, правилата и социјалните норми на однесување.

Според извештајот на локалната полиција, во 2016 година, најмногу поени, дури 134, имал еден граѓанин којшто донирал повеќе од еден литар крв таа година и одработил дури 500 часа добротворна работа.

Градските власти велат дека следниот чекор ќе им биде да се казнуваат луѓе кои избегнуваат плаќање на јавен превоз, мамат во видеоигри или не доаѓаат на резервации во ресторан.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista (1).jpg

Во градот Шенжен пак, во употреба е пуштен систем за препознавање на лицата со цел јавно да се засрамуваат оние кои нелегално преминуваат улица.

Во Џиамен пак, каде системот е започнат со работа уште во 2004 година, властите автоматски им пуштаат смс пораки на граѓаните коишто ќе направат прекршок што ги става на црната листа.

Одредени кредитни компании почнуваат да ги следат плаќањата на кинеските граѓани, но и социјалните комуникации со цел да ја утврдат нивната кредитоспособност, но и нивната доверливост.

Така, граѓаните коишто играат видеоигри по 10 часа на ден, се сметаат за мирни личности, а оние кои често купуваат пелени се смета дека имаат деца, а со тоа значи и дека имаат поразвиено чувство за одговорност.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista (3).jpg

За сето ова да функционира добро, во употреба се ставени мноштво улични камери опремени со софтвер за препознавање на лица, камери со инфрацрвени сензори за ноќно снимање, па дури и Wi-Fi сензори кои ги детектираат сите активни паметни телефони, таблети или лаптопи во близина.

Системот дури ги собира и податоците од регистарските таблички на сите возила кои поминуваат пред камерите.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista (5).jpg

Така, системот собира податоци за сите луѓе на улицата кои вршеле сомнителни активности и таа листа на луѓе ја доставува до полицијата, за подоцна тие луѓе да бидат задржани во притвор или на испитување или пак директно да бидат ставени на листата на „недоверливи личности“ со мноштво забрани.

Целта на овие мерки на кинеските власти е да се намали криминалот, но и да се натераат граѓаните самите да внимаваат што прават, бидејќи не знаат кога може да бидат снимени и ставени на „црната листа“.

Vo-Kina-se-sledi-sekoj-cekor-na-gragjanite-pa-duri-ima-i-crna-lista (4).jpg

Системот и покрај тоа што длабоко ги повредува основните човекови права, па дури и е спротивен на дел од законите во Кина, сепак се користи сè поактивно од страна на кинеските власти и дури се размислува на интегрирање на сите системи од градовите во еден заеднички систем.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg