Една навика од училишните клупи ги прави Јапонците долговечни, витки и вредни
- Детали
- четврток, 29 март 2018
Одговорните дефинитивно треба да размислат за применување на ваков начин на функционирање и во македонските училишта.
Во јапонските училишта оброкот за учениците не е само јадење, туку процедура наречена „shokuiku“. Тоа значи храна и едукација за нутритивната вредност на продуктите и е витален дел од образованието на децата во Јапонија.
Уште во основно училиште децата учат дека тоа што го ставате во своето тело влијае во голема мерка на тоа како ќе се чувствувате во текот на денот, како ќе размислувате и целокупно како ќе ви минува животот.
Како земја, Јапонија го форсира ручекот во училиштата, а ако родителите немаат пари да платат за него, тогаш државата се грижи да направи бесплатни програми за ручек на децата. Оброците се сметаат како дел од целокупната едукација.
Децата се служат едни со други со храна за да се поттикне културата на самодоволност, односно дека тие се способни сè да сторат самите. Исто така, децата ги собираат садовите потоа.
Оброкот најчесто им се сочинува од главно јадење, ориз и супа. Се служат и тестенини, салати, овошје и млеко.
Крајниот резултат не е само тело задоволено со хранливи состојки, туку и учење на одговорност и воспоставување на здрави навики за исхрана.
Јапонците се една од најдолговечните нации на светот, која нема проблеми со дебелината.
Како изгледаат оброците во јапонските училишта:
С. С. | Црнобело