Бајка од расцветани црешови дрвја - Како изгледа пролетта во Кина?
- Детали
- четврток, 22 март 2018
Додека ние ја дочекавме пролетта со ниски температури и снег, некаде во светот ова годишно време изгледа така како што доликува.
Пролетта најчесто асоцира на расцветани дрвја и раззеленета природа, па токму така изгледа Кина во моментот.
Кога станува збор за црешови дрвја, најчесто помислуваме на Јапонија, но тие изгледаат прекрасно и во Кина.
Жителите и туристите ѝ се восхитуваат на прекрасната расцветана глетка, која ја претвори земјата во „море од цветови“.
Во Кина се одржуваат неколку фестивали на црешови дрвја, а во некои делови од земјата веќе се во тек и траат до април.
Таму луѓето може да уживаат во бајка од 12.000 црешови дрвја во 82 различни видови.
Погледнете како изгледа магичната бајка во Кина: