Замрзнати канали, завеани автомобили: Снежната бура Ема ја погоди Велика Британија (фото)
- Детали
- петок, 02 март 2018
Британците се во паника бидејќи снежната бура Ема предизвикува огромни штети и го кочи нормалниот тек на живот.
Велика Британија ја погоди снежната бура Ема, а дневните температури не се качуваат над -5 Целзиусови степени. Во некои делови од земјата има толку снег, што е оневозможено спасувачките екипи воопшто да пристапат.
Британците не се сеќаваат на постуден март и велат дека ледените ветришта се неподносливи. Вакви ниски температури на почетокот од март последен пат биле измерени во 1959 година.
Многу возачи останаа заробени на завеаните патишта, а во земјата има недостиг на гас, бидејќи нацијата интензивно се обидува да ги затополи своите домови.
Многу летови се откажани, а има и сообраќајни незгоди и починати.
Застрашувачките сцени во Велика Британија предизвикани од снежната бура Ема:
С. С. | Црнобело