22-годишна мајка болна од рак имаше бајковита свадба со љубовта на својот живот (фото)
- Детали
- четврток, 22 февруари 2018
Храброста на некои луѓе инспирира, а некои љубовни приказни се толку магични што ги рушат сите препреки.
Микаила (22) имаше бајковита свадба од соништата со љубовта на нејзиниот живот Харли Бризбејн (24). Церемонијата беше интимна и поддржана од локалците каде живее младиот пар.
На мајката на 2 дечиња ѝ е дијагностициран рак во четврта фаза. Таа со Харли ги има 3-годишната ќерка Инди и 2-годишниот син Риф.
Парот се свршил минатата година на Денот на вљубените на едно крстарење, а дијагностицирањето на болеста на Микаила ѝ било направено само една седмица подоцна.
Парот ги откажал плановите за свадба во септември минатата година, откако на Микаила ѝ бил закажан третман за исклучително реткиот рак на меките ткива (alveolar soft part sarcoma). Поради финансиски причини тие одложиле сè.
Но, по средбата со фотографот Бет Френли и донациите на низа хумани луѓе нивниот сон се остварил во февруари годинава и имале магична свадбена церемонија.
Храбрата Микаила била прекрасна невеста:
С. С. | Црнобело