Изложби на предвремено родени бебиња: 5 апсурдни начини на забава во минатото

Крвавите борби до смрт и шоуата со луѓе со физички абнормалности биле само дел од чудните начини на забава во минатото.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-01.jpg

Денес, за жал, голем дел од забавата ни се сведува на компјутерите и телефоните.

Но, кога тие сè уште не биле измислени, луѓето морале да се забавуваат на различни начини.

Некои од тие начини опфаќале престој во природа и минување на квалитетно време со семејството и биле прекрасни, но некои биле навистина апсурдни.

Дел од најчудните начини на забава во минатото:

Борби со гладијатори

На сите ни се добро познати овие крвави јавни спектакли. Но, дали сте знаеле дека покрај тоа што мажите се бореле меѓу себе и со диви животни, имало и борби со жени? Сепак, тие во главно не биле вистински гладијаторски борби, туку повеќе имале за цел да ја забавуваат публиката.

Публиката била толку зависна од борбите до смрт што дури каменувала еден свештеник во 404 година кога се обидел да ги сопре борбите.

Но, неговата жртва не била залудна и императорот Honorius, инспириран од свештеникот, ги забранил гладијаторските борби.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-02.jpg

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-03.jpg

Френолошки испитувања

Френологијата е псевдонаука која прокламира дека структурата на черепот го одредува карактерот на личноста. Таа се става во ист кош со астрологијата и спиритизмот.

Била многу популарна во периодот од 1850-тите до 1890-тите, кога се појавиле многу патувачки френолози. Тие секогаш привлекувале толпа луѓе кои биле уверени дека френологијата може да обезбеди објаснување за нивната ментална состојба.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-04.jpg

Шоуа на личности со физички абнормалности

За жал, ова бил омилен начин на забава. Биле организирани шоуа со луѓе со физички абнормалности. Тие патувале по целиот свет и луѓето ги гледале и ги исмевале.

Сепак, некои од нив поради големите суми на пари што ги заработувале, сакале да го работат тоа. Таков пример е Мексиканката Julia Pastrana во 19-тиот век.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-05.jpg

Изложба на предвремено родени бебиња

Родителите немале ништо против овие чудни шоуа затоа што на овој начин на предвремено родените бебиња им го спасувале животот.

Целта била да се привлече вниманието на јавноста за да се донираат пари и болниците да се опремат со инкубатори со чија помош овие бебиња ќе преживеат.

Изложбите на бебињата во стаклени кутии вродиле со плод и се собрале многу финансиски средства за доопремување на болниците.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-07.jpg

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-06.jpg

Стискање во телефонски говорници

Никој не знае од каде идејата, но младите започнале да се стискаат во телефонски говорници за да влезат во нив што поголем број луѓе.

Истото го правеле и во автомобилите. Изгледа ова било навистина забавно искуство за сите учесници.

izlozbi-na-predvremeno-rodeni-bebinja-5-apsurdni-nachini-na-zaava-vo-minatoto-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg