Во Дубаи е направена најскапата свадбена торта во облик на невеста, вредна 1 милион долари
- Детали
- петок, 16 февруари 2018
Дизајнерката Деби Вингам, се надмина себеси и својата работа, со тортата која ја претстави на Саемот за невести во Дубаи.
Инспирирана од традиционална арапска невеста, тортата е висока 182 cm и тежи 120 килограми, а на прв поглед воопшто не наликува на торта.
„Невестата“ е накитена со 5 бели дијаманти, а секој од нив чини по 200.000 долари, заради што тортата го добила името „Невеста од милион долари“.
Направена е со 1.000 јајца, има 50 kg фондан и околу 25 kg чоколадо само за зацврснување и скулптурирање на лицето, горниот дел од телото, прстите и рацете.
Била изработувана и печена 10 дена, а дизајнерката вели дека никој не верувал дека се работи за торта.
Секој детаљ на тортата е рачно изработен, вклучувајќи ги цветовите и бисерите.
Сепак, ова не е првпат таа да направи скапи работи. Деби има направено пар чевли, дијамантски фустан и слични скапи дела кои достигнале вредност од 50 милиони долари.
М. М. | Црнобело