Финска - држава која некогаш се гушеше во сиромаштија, а денес е пример за успешност

Пред повеќе од еден век, во Финска луѓето умирале од глад и сиромаштија, но и покрај неславното минато, денес е пример за успешно водење на држава и спроведување на ефикасен потрошувачки и образовен систем.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-01.jpg

Пред 150 години, во Финска изумреле 250.000 луѓе како последица на глад, односно 10% од тогашната вкупна популација.

Денес, според сите меѓународни индекси, оваа држава е стабилна и безбедна, со функционален политички систем, една од најбогатите, но и најмалку корумпираните земји, а во исто време и најправедна, кога е во прашање општествениот статус на жителите.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-5.jpg-004.jpg

Правосудството во Финска е едно од најнезависните, полицијата најдоверлива, компаниите со високо ниво на етика, а изборите втори најслободни во светот. Граѓаните уживаат големи лични слободи и општи добра.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-002.jpg

Каде лежи тајната на финскиот успех?

Секако дека не постои општа тајна со која секоја држава би ги решила внатрешните проблеми, а во Финска тоа е одличен сплет на околности, историја и менталитет.

Политичарката Тарја Халонен успехот го припишува на географската положба и климатските фактори, поради што луѓето треба напорно да работат за да заработат за себе и семејствата.

Поранешниот американски амбасадор во Хелсинки, Брус Орек, останал да живее таму и по мандатот бидејќи му се допаднало како Финците се држат до својата приватност, но истовремено се отворени за соработка и за помош на пријателите.

Сите колективно работат за специфична цел, сè се сведува на соработка. Еднаквоста е еден од приоритетите на жителите и тука можеби лежи тајната на колективниот успех, што придонесе денес Финска да е една од земјите кои се пример за политичка и економска еднаквост на сите жители.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-4.jpg

Дури ни оние кои се поимотни никогаш не се двојат, а луѓето можеби секој ден се разминуваат со некој богат, без да го забележат тоа. 

Исто така, образовниот систем е еден од клучевите за напредок на државата и социјалната конструкција. Целиот придонес во социјалниот развој го дале академици и универзитетски професори, вклучувајќи ги тука и јазикот и традиционалната музика.

Важна „состојка“ во успехот на Финска е и меѓусебната доверба – меѓу жителите е забележано високо ниво на доверба, што не е случај во голем број други држави.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-003.jpg

Според неодамна одржаниот Светски економски форум, Финска е земја со најмногу иновации по жител.

Така, може да се заклучи дека всушност не постои тајна или магија, туку дека сè зависи од факторите како што се соработка, еднаквост, доверба и образование, кои освен во Финска, се присутни и во другите скандинавски земји, наведува Guardian.

finska-drzavata-koja-nekogash-se-gusheshe-vo-siromashtija-e-denes-e-primer-za-uspeshnost-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
Индијка (16) станала модел за да го спаси семејството од сиромаштија: „Сакам да купам куќа за татко ... 16-годишна Индијка почнала кариера како модел откако била забележана од холивудс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg