Цената на текилата рапидно се зголемува - Ќе се збогуваме ли од омилениот алкохолен пијалак?

Donde Esta Mi Tequila?! Годинешнава прослава на еден од најголемите мексикански празници ќе биде помирна од вообичаено, поради намалената достапност на агаве на пазарите, што значи дека ќе биде отежнато и производството на текила.

Cenata-na-tekilata-rapidno-se-zgolemuva-01.jpg

Како што се зголемува побарувачката за растението коешто се користи за правење на популарниот алкохолен пијалак, така и производителите на текила запаѓаат во криза, бидејќи расте цената на агавето.

Се предвидува дека ќе има масовен недостаток на агаве, што ќе трае најмалку до 2021 година.

Според регулаторниот совет за текила и националната индустриска комора за текила, оваа година ќе бидат потребни 42 милиони агаве растенија за да се задоволи растечката индустрија за производство на текила.

Но, од сеидбата од 2011 година, само 17,7 милиони се спремни за жетва.

Овој недостаток на зрело агаве доведе до тоа фармерите да ги жнеат порано растенијата, што уште повеќе го зголемува недостатокот, бидејќи на агавето му се потребни 7 години за да созрее, а од незрелото агаве може само да се добие лоша текила.

Локалците потврдуваат дека фармерите жнеат растенија коишто се само 4 годишни и недоволно зрели, бидејќи пазарот им бара производ, а тие немаат созреан.

Покрај ова, недостатокот на агаве предизвика и пораст на цената и тоа од 21 цент за килограм до дури 1,18 долари за килограм, што дополнително значи дека ќе се соочиме со недостаток од текила.

Зголемувањето на побарувачката, зголемената веројатност на кражба на растенијата и зголемената цена, значат дека дестилериите ќе бидат принудени да се затворат бидејќи нема да можат да одржат конкурентна цена во однос на другите типови алкохол.

Сево ова укажува дека наскоро чашката текила ќе треба да ја платиме поскапо во нашите ноќни клубови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на највисоката жена во светот – мора да користи количка, ја исмејувале поради в... Највисоката жена во светот има 27 години и живее во Турција. Нејзината висина се...
„Користев Оземпик за слабеење – се чувствував ужасно, не можев да станам од кревет“ Англичанка почнала да го користи лекот Оземпик за слабеење и вели дека никогаш в...
„Имам отечени дланки поради ретко нарушување – веќе не можам да ја користам десната, а болеста напре... Млада Американка има ретко нарушување кое е забележано кај само 200 луѓе во цели...
Потрошила 940.000 евра на пластични операции и се кае: „Преубава сум, но мажите ме гледаат како троф... Бразилката досега направила три операции на носот, четирипати правела липосукциј...
Со ролшуи и без маица – Како изгледаше спектакуларниот настап на Ашер на Super Bowl 2024? Погледнете го спектакуларниот 13-минутен настап на Ашер на Super Bowl 2024 што г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg