Смртна казна за основачите
- Детали
- петок, 23 јули 2010
Пакистанскиот правник Мохамед Азахар во судот во својата земја покренал обвинение против тројцата основачи на Фејсбук, Марк Цукербег, Дастин Московиц и...
...Крис Хјус. Тој бара да им се изрече смртна казна на сите тројца.
За покренување на обвинение се одлучил кога Цукербег направил натпревар за најдобра “скица на Мухамед”. Основата за подигнување обвинение е 295-C дел од пакистанскиот Кривичен законик во кој стои:
“Користењето на понижувачки коментри во врска со Мухамед, без разлика дали се усни или пак пишувани, или видлива презентација, а се однесуваат на пророкот Мухамед, треба да се казнат со смрт или пак со доживотен затвор”.
Пакистанската влада сеуште ништо не преземала кога станува збор за овие обвиненија. Во таа земја Фејсбук е забранет уште од минатитот месец.
Пакистанскиот правник бара тројцата мажи да се донесат во Пакистан да се осудат на смрт и дури и да платат парична казна.