Емотивна божиќна реклама која расплака многумина: „Празниците се сеќавања“
- Детали
- четврток, 07 декември 2023
„Најубавиот дел од празниците се спомените, оние што ги создаваме и оние на коишто се присетуваме“ – стои во описот до божиќната реклама што расплака многумина. Кој е најубавиот подарок што може да им го дадете на лицата што страдаат од деменција и на нивното семејство?
Новата божиќна реклама на Chevrolet расплака многумина. Американскиот автомобилски гигант направи кратко видео во соработка со Американската Асоцијација за Алцхајмер во која „главната улога“ ја има едно семејство во кое има баба која се бори со деменција.
„Најубавиот дел од празниците се спомените, оние што ги создаваме и оние на коишто се присетуваме“ – стои во описот до видеото кое накратко го опишува животот на лицата кои, за жал, ја загубиле меморијата.
Во видеото се гледа како едно семејство се подготвува за празниците, со фокус на бабичката чиишто внучиња доаѓаат да ѝ донесат подароци.
Додека бабичката немо гледа низ прозорецот и не реагира, се слуша како нејзиниот сопруг ѝ кажува на ќерката:
„Има денови кога воопшто не ме препознава“.
Другата ќерка го слуша разговорот и носи одлука.
„Ајде денес да биде добар ден“ – ѝ вели и ја носи кон стариот автомобил Chevrolet Suburban во гаражата.
Двете жени тргнуваат на прошетка со автомобил низ градот и ги посетуваат најважните места на бабичката од нејзиниот живот: нејзиниот дом од детството, нејзиното средно училиште, како и стар театар што ѝ враќа стари спомени, каде што сопругот за првпат ја бакнал.
„Бил, морам да го видам Бил“ – вели жената.
Погледнете ја рекламата:
Б. С. Б. | Црнобело