Борба против анорексија: Во Франција следи казна ако не е нагласено дека моделите се фотошопирани

Од 2017-та, светот на модата во Франција е променет, благодарение на Министерството за здравство, кое било загрижено за здравјето на жителите.

borba-protiv-anoreksija-vo-francija-sledi-kazna-ako-ne-e-naglaseno-deka-modelite-se-fotoshopirani-01.jpg

Тие спровеле мерка, со која ги обврзуваат компаниите во нивните реклами со фотошопирани модели, да нагласат дека се користени измени во изгледот на нивното тело.

borba-protiv-anoreksija-vo-francija-sledi-kazna-ako-ne-e-naglaseno-deka-modelite-se-fotoshopirani-03.jpg

На секоја преработена фотографија од модели, мора да стои натпис „ Photographie retouchée“.

borba-protiv-anoreksija-vo-francija-sledi-kazna-ako-ne-e-naglaseno-deka-modelite-se-fotoshopirani-02.jpg

Во спротивно, доколку компаниите тоа не го почитуваат, ќе добијат казна од 37.500 евра, или 30% од заработката од рекламата.

Целта е да се спречи развојот на анорексија и булимија кај младите луѓе, кои имаат погрешна слика за „модните икони“.

borba-protiv-anoreksija-vo-francija-sledi-kazna-ako-ne-e-naglaseno-deka-modelite-se-fotoshopirani-04.jpg

„Мора да поработиме на сликата за тело во општеството и да избегнуваме промоција на недостижни идеали во убавината, со цел да спречиме анорексија кај младите луѓе.“ – изјавил Министерот на здравство во тој период.

Франција не е единствената земја со вакви рестрикции. Израел е исто така помеѓу земјите кои се засегнати со овој проблем.

Можеби, идејата и прикажувањето на реалниот изглед на телото ќе добие нова популарност во светот на модата.

borba-protiv-anoreksija-vo-francija-sledi-kazna-ako-ne-e-naglaseno-deka-modelite-se-fotoshopirani-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со на... Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg