Реплика на Венеција во Дубаи: Ресорт со канали, гондоли и соби под вода
- Детали
- среда, 20 септември 2017
Секој кој бил во Венеција и ја видел нејзината оригинална убавина ќе се сложи дека таа не може да биде повторена, но сепак идејата звучи интересно, а фотографиите изгледаат примамливо.
Од Дубаи откриваат дека имаат план да го рекреираат овој италијански град познат по комплексните канали и гондоли.
Имитацијата на Венеција ќе биде светска дестинација со 5 ѕвезди која ќе ги пренесе нејзиниот шарм, спокојство и култура на брегот на Дубаи.
Иако проектот сѐ уште е во фаза на планирање, визијата е јасна и амбициозна, а проценета е на 2.5 милијарди Арапски Емирати Дирхам (AED) или отприлика 566 милиони евра.
Ресортот освен што ќе има канали и гондоли увезени од Италија, ќе направи и имитација на најпознатиот плоштад San Marco, а исто така ќе може да се пофали и со подводен свет кој ќе се состои од кабини, барови, продавници и ресторани.
Ќе има капацитет за вкупно 3.000 гости, кои ќе бидат распоредени на 4 спрата.
Освен естетскиот изглед, овој ресорт ќе нуди и традиционални венецијански фестивали и манифестации како La Biennale di Venezia и Regata Storica.
Ресортот е планирано да биде дел од „Срцето на Европа“, а во иднина се планираат и имитации на Шведска, Германија, Монако, Санкт Петербург и Швајцарија.
Засега, погледнете како ќе изгледа прекрасниот италијански град во Дубаи:
М. М. | Црнобело