Лечиме хомосексуалност
- Детали
- петок, 18 јуни 2010
Шпанските власти започнале истрага против една приватна поликлиника во Барселона која во понудата има и терапија за лечење од хомосексуалност.
Покрај апчиња, лекарите нуделе и часови разговор со психијатри што по законот за дискриминација е илегално.
Имено, не постои научен доказ дека хомосексуалноста е болест која треба да се лечи, а изборот на сексуална ориентација во Шпанија е уставно регулирано право на секој поединец.
Здруженијата кои се борат за рамноправност на хомосексуалците, предупредуваат дека во каталогот на болести на Светската Здравствена Организација, хомосексуалноста не се наведува уште од 1992 година.
“Кога сексуалната ориентација би можела да се промени со апчиња, сигурен сум дека 99% од пациентите би се одлучиле на тоа“ – рекол психијатарот Joaquin Munoz кој работи во спорната клиника и кој терапијата ја смета за потполно оправдана.