ЈАР губи милијарди заради СП
- Детали
- петок, 18 јуни 2010
Погрешната проценка може да доведе до големи загуби, а Јужноафрикансата Република е вистински пример за тоа. Владата на ЈАР во 2008 година...
...предвидела околу 695.000 нови работни места и пораст на БДП за 0,3 до 0,5%.
Планираната вкупна потрошувачка била $2,27 милијарди долари, а до април нивната влада потрошила $3,94 милијарди долари, а градовите и регионите уште $1,17 милијарди долари.
Проценката за бројот на туристи е исто така погрешна, дошле само 373.000 од предвидените 483.000.
Грешки во проценките се честа појава кај големите спортски настани, па така ЈАР не е осамен случај. Слични проблеми имаа и организаторите на Олимписките игри во Ванкувер и Атина.
Интересен е и податокот дека трошокот за изградба на стадионите бил 10 пати поголем од проценетите трошоци во 2003 година кога се пријавиле за игрите.