Што има ново во вселената?
- Детали
- четврток, 17 јуни 2010
Научниците на НАСА вредно работат. Тие успешно инспирираа неколку најинтересни приказни и вести во изминатата година. За што станува збор, на...
...кратко да ве потсетиме.
1. Сонце какво што се уште не сте виделе – светот наскоро би можел да се соочи со масовни штети на енергетските и телекомуникациските мрежи како резултат на сончевите невремиња кои се случуваат еднаш во 100 години, предупредува НАСА.
2. Научниците веруваат дека на Титан постои живот. Сонда на НАСА откри дека на Сатурновата месечина – Титан, најверојатно постои живот во облик на микроскопски организми.
3. Водата на Месечината може да создаде услови за живот за луѓето. Откриени се 40 кратери со 600 милиони тони мраз.
4. Откриена е црна дупка, милијарда пати поголема од Сонцето.
5. Пронајдените фосили од бактерии од Марс на метеорит стар 13.000 години. Новите докази ја потврдуваат теоријата дека микробите од Марс стигнале со помош на метеор.
6. Телескопот на НАСА сними две мистерии во вселената. Телескопот Кеплер е во потрага по планети кои по големината се слични на Земјата.
7. Плутон ја промени бојата.
8. Снимена колизија на два астероиди. Објект кој личи на комета исчезна по сударот со два астероиди.
9. НАСА: Телескопот WISE открива “темни“ објекти во вселената - со леснотија идентификувани се “невидливи“ астероиди кои се во близина на Земјата и кои се потенцијална опасност.