Инсталација со моќна порака: Огромни раце потпираат хотел во Венеција
- Детали
- понеделник, 15 мај 2017
Лоренцо Куин направи легендарна скулптура за Уметничкото Биенале во Венеција именувана како „Поддршка“.
Составена од две масивни раце кои се издигаат од канал во Венеција, нивната цел е да ја потпрат зградата во која е сместен Ca’ Sagredo хотелот.
Ова е визуелен приказ како луѓето треба да одговорат на глобалното затоплување пред да биде предоцна.
„Венеција е пловечки уметнички град кој инспирира различни култури со векови. Но, за да продолжи да го прави истото, има потреба од поддршка од нашата генерација и следните генерации, бидејќи ѝ се заканува климатска промена“, вели Лоренцо.
Рацете ги рефлектираат двете човечки страни - креативната и уништувачката, па со оваа инсталација светот се надева дека ќе се најде подобар баланс меѓу нив.
М. Д. | Црнобело