Без рака до црн појас
- Детали
- четврток, 06 мај 2010
Sheila Radziewicz е родена без рака, а таа веќе се подготвува за полагање на црн појас теквондо во Њујорк. Таа е на ред во месец јуни во училиштето...
... за боречки вештини Bruce McCorry.
Оваа 32-годишна има освоено кафен појас, а од самото раѓање пати од ТАР синдором. Теквондо тренира веќе 3 години, пренесува The Salem News.
Нејзиниот тренер вели дека никогаш не тренирала некој како Sheilа. И покрај нејзината состојба, таа користи нунчаки и крши даски со удари. Sheila Radziewicz работи како адвокат за жртви на насилство и тврди дека никогаш не дозволила нејзиниот инвалидитет да и биде пречка за нешто во животот.
"Израснав со фразата - За невозможните нешта е само потребно повеќе време“, вели таа. На 23 години доби и возачка дозвола, а автомобилот го вози со своите стапала.
Тренингот на Sheila е приспособен на нејзините ограничувања, односно прво и ја покажуваат регуларната форма на техниката, таа ја повторува, а онаму каде што не може тренерот ја приспособува.