Колку се променија женското тело, животот и работата за 60 години?
- Детали
- среда, 29 март 2017
Добро позната тема, ама секогаш интересна за анализирање - како се менува концептот за женската убавина? Во сите досегашни истражувања, ќе најдеме еден единствен заклучок, работите дефинитивно не се исти со текот на годините.
Овојпат направено е уште едно истражување кое открива колку работите се променети за жените од за само 60 години во Британија.
Во 1957-та година просечната жена во Британија била 158 сантимери висока, тежела 57 килограми, имала мала половина (71 сантиметар), носела 34B (85B) градник, се очекувало да живее до 73 години и да заработува £10 неделно.
За 60 години, работите драстично се променија, посебно во големината на нејзините половина и гради.
Во 2017-та година, просечната жена во Британија е висока 167 сантиметри, тежи 70 килограми, се очекува да носи градник со големина 36DD (90D) и да има половина широка 86 сантиметри. Плус, се очекува да живее уште 10 години повеќе, поточно до 83 години и да заработува во просек £530 неделно.
Н. Г. | Црнобело