Да и помогнеме на Земјата
- Детали
- четврток, 22 април 2010
Денес е Ден на планетата земја. Што треба да знаеме? Заштитата на околината не е само за возрасните. Едноставно и лесно важи за сите -...
...од најмали до најстари.
Како да си ја направиме Земјата подобро место за живеење?
Треба да промените некои досегашни навики и да внесете некои нови навики во вашиот живот:
1. Гасете ги светлата
Кога излегувате од собата каде нема никој, изгаснете го светлото. Кога можете, раширете ги завесите, кренете ги ролетните и дозволете светлото да влезе внатре. Со штедењето електрична енергија го забавуваме глобалното затоплување.
2. Носете платнена торбичка
Пред да одите во продавница не ја заборавајте платнената кеса. Така нема да земате пластични кеси кои штетат на околината.
3. Возете велосипед!
Ем бесплатно вежбате, ем се забавувате, ем не и штетите на околината. Секој пат кога ќе ги земете клучевите од автомобилот- сетете се на велосипедот.
4. Изгаснете од струја!
Кога ќе завршите со користење на компјутерот исклучете го од струја. Истото важи за цела електроника кога не ја користите. Апаратите трошат струја и кога се исклучени.
5. Better the World
Симнете го Better the World sidebar за вашиот веб пребарувач. Бесплатен е и можете да помогнете на светот волонтирајќи он-лајн и тоа едноставно – со сурфање!