Среќен 2.763-ти роденден Рим!
- Детали
- вторник, 20 април 2010
Жителите на Вечниот град се облекоа како римски војници и парадираа околу Колосеумот, одбележувајќи ја 2.763-тата годишница од...
...основањето на Рим.
Иако според легендите Рим е основан на 21-ви април, Римјаните почнаа со славење многу порано.
Секоја година роденденот на Рим се одбележува на тој начин што жителите се облекуваат во гладијатори, сенатори и центуриони. Градските улици се накитени со цвеќе, а вратите од музеите се широко отворени за јавноста.
Легендата вели дека Рим е основан од страна на браќата близнаци Ромул и Рем, кои ги доела волчицата откако кралот Амулиј ги фрлил во реката.
Близнаците ги пронашол пастирот Фаустул, ги зел децата и ги однел дома. Тој и неговата жена Ака Ларенција немале деца, па одлучиле да ги посвојат, а таа им ги дала имињата Ромул и Рем.
Кога пораснале, слушајќи за својата судбина браќата отишле кај Амулиј. Ромул го убил, а власта му ја предале на дедо им Нумитор. Бидејќи Алба Лонга бил мал град, одлучиле да основаат нов.
Рим е основан на 21 април 753 година пред Христа, а името го добил по својот прв крал Ромул. Оттогаш Римјаните го пресметуваат времето. Тоа бил почеток на големото царство кое траело на врвот на светот цел милениум.