Светот се спрема за 2012
- Детали
- понеделник, 19 април 2010
Земјотреси, цунами, вулкани и какви ли се природни непогоди не се случија изминативе години. Можеби навистина се ближи 2012, а со неа и крајот на светот?
Очигледно некои на време почнуваат да се подготвуваат за можниот крај на нашето постоење.
Американската компанија Вивос, планира да изгради подземни скривалишта во пустината Мохаве, за сите оние кои веруваат дека крајот на светот ќе настапи во 2012 година.
Место во скривницата чини $50.000 долари и до сега се резервирани повеќе од 1.000 места. Покрај овие, капацитетот на бункерот изнесува 200 места наменети само за најбрзите и најбогатите.
Залихи на лекови, храна и гориво се достапни за повеќе од 1 година.
Подземните скривници ќе бидат опремени за живот и по крајот на светот. Комплексите имаат сопствени генератори и извори на вода.
s