Инфлуенсерка сподели трик со кој изгледа повисока – Си стави тетоважа со лажен папок на стомакот (видео)
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
„Изгледа како нозете да ѝ се подолги, а торзото помало“ – велат во коментари оние што видоа трикот со којшто се послужи една инфлуенсерка за да покаже дека со тетоважа на лажен папок може да направи да изгледа визуелно повисока. Дали би го пробале трикот?
Операциите за зголемување на висината се тешки и болни, а една инфлуенсерка открила трик со кој може визуелно да си го издолжи телото, без да мора да поминува тежок процес на растење.
Тиктокерката Лаура Мехиар на својот профил на социјалната мрежа има над 1,8 милиони следбеници, а деновиве објави видео во кое покажа со кој трик може да се послужите за визуелно да си го издолжите телото и да изгледате повисоки.
„Ова се лажни папоци и е нов тренд што го користат луѓето во Азија. Тие ги лепат лепенките малку повисоко за торзото да изгледа подолго, па ајде да пробаме“ – вели Лаура во видеото.
Како што може да се види, лепенката се нанесува слично како тетоважите од мастики. Ги ставате на местото, па потоа прскате со малку вода и чекате да се залепи на кожата.
Нејзиниот прв впечаток беше збунувачки. Како што рече, наместо повисока, сметала дека изгледа поширока.
Некои од нејзините следбеници коментираат дека направила грешка - наместо да го стави лажниот папок погоре, треба да го стави подолу од вистинскиот за да изгледа повисоко, а вака изгледа подебела и пониска.
Погледнете го видеото и проценете сами:
@lauramejiar No se si funciona que dicen uatedes ? #maquillaje #hacks #viral #trending #foryou #parati
♬ original sound - Laura Mejia
Б. С. Б. | Црнобело