Богаташ купил 80 авиoнски карти за неговите соколи

Ако имате миленик, тогаш знаете колку е силна грижата на совест, ако сакате да одите на одмор и треба да ги оставите дома. Нивните погледи ќе ве мачат секој ден додека вие уживате некаде на плажа или на скијање.

princot-koj-kupil-80-avionski-bileti-za-svoite-80-jastrebi-01.png

И постојано ќе си велите, дека далеку поубаво ќе беше да ги понесевте со себе.

Но, ако патувате со авион, тоа не се чини како добра идеја, нели? Односно, воопшто не е практична идејата.

Освен можеби ако не сте принц од Саудиска Арабија.

Токму така, еден корисник на Reddit, сподели фотографија која ја добил од својот пријател, пилот, кој му кажал дека еден „саудиски принц купил 80 билети за своите 80 соколи“.

princot-koj-kupil-80-avionski-bileti-za-svoite-80-jastrebi-1.jpg

Од оваа фотка остануваме со многу прашања... Каде ги носи? Зошто поседува толку многу? Што ако решат среде лет да полетаат? Дали останатите патници знааeле дека ќе делат авион со 80 соколи?

Меѓу најинтересните работи од оваа фотка е што птиците изгледаат така смирено, како секој ден да летаат со авион. А, не е ни чудно тоа да е вистина, бидејќи веднаш по оваа фотографија уште еден Reddit корисник коментирал со втора фотографија.

princot-koj-kupil-80-avionski-bileti-za-svoite-80-jastrebi-2.png

Одгледувањето на соколи е многу популарно во Обединетите Арапски Емирати, па дури и авионите имаат одредени правила.

Пример, Qatar Airways дозволува до 6 птици во економската класа. А, во Etihad Airways, можете да носите еден сокол со себе, ако платите такса за дополнителен багаж. Ако сакате да носите и втор сокол, ќе треба да платите билет за прва класа. Па, не е ни чудно што овој принц морал да купи 80 билети.

Инаку, соколите имаат и свои пасоши:

bogatash-kupil-80-avionski-karti-za-negovite-sokoli-3_copy.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg