Повеќе мобилни од тоалети?
- Детали
- петок, 16 април 2010
Можеби звучи неверојатно, но сепак е вистинито: Индија е местото каде има повеќе мобилни телефони отколку тоалети! Имено, во земјата...
... која е втора по најголем број на жители во светот, тоалетите можат да ги користат 366 милиони лица, што значи само 31%, но индијците очигледно се луѓе кои постојано се во комуникација, па мобилни телефони имаат околу 545 милиони.
Како што пренесуваат медиумите, бројот на мобилните телефони во оваа земја едноставно доживува кулминација - во 2000 година на 100 индијци имало 0,35 мобилни, додека денес таа бројка изнесува 45.
Очекувањата се дека во Индија до 2015 година ќе достигне бројка од една милијарда, но за жал, бројот на тоалетите -
едно од најнужните работи за живот, нема да има драматичен пораст.