Бремена ТВ презентерка која била критикувана: Големиот стомак ви е одвратен? Од него постоите!
- Детали
- петок, 13 јануари 2017
Кети Фелингер работи како ТВ презентерка за време за каналот „CBS Philly“. Таа исто така, е и веќе 35 недели бремена.
Неодамна беше критикувана на социјалните мрежи заради нејзиниот изглед, но реши на најубав начин да возврати на критиките.
Феленгер моментално е бремена, но сè уште го најавува времето за Филаделфија.
Една личност, заради нејзиниот изглед, решила да ја нарече „колбас во обвивка“. Набрзо потоа, се појавиле уште неколку критики заради кои таа јавно решила да прозбори.
„Морам да кажам нешто. Знам дека мојата работа ме прави подложна на критики. Секогаш го разбирам тоа и обично го игнорирам. Но, откако некој реши да ме нарече „колбас во обвивка“, а друг изјави дека „покажувањето на трудниот стомак во јавност е одвратно“, решив да се изјаснам“ - вели Фелингер.
Ваквите груби коментари не прават да чувствувам дека треба нешто да променам кај себе, ама тука има поголем проблем. Овие критики се насочени кон сите бремени жени.
Па, овој манифест, на еден начин е посветен за сите мајки и бремени жени, жени кои го читаат ова додека си играат со нивните деца, па и оние чии деца веќе се на факултет.
Убави сте.
Дури и во наjнеудобниот период, и да бидеме искрени, помалку гламурозен изглед за време на бременоста, тоа низ кое минувате ги носи вашите драгоцени деца на овој свет. Едноставно кажано, неверојатни сте и заслужувате аплауз.
Искрено не ми е грижа колку „ужасно“ или „несоодветно“ изгледам. Со задоволство ќе се здебелам, ако треба и 30 килограми плус, за да знам дека имам шанса да донесам на овој свет здраво дете.
Не е само до изгледот. Се надевам дека на моите деца ќе им овозможам најдобар можен почеток, дури и тоа да значи да имам стомак кој изгледа како секој момент да ќе експлодира. И знам дека ќе продолжи да расте и наредните недели.
Да наздравиме за потечените нозе, гадењето, стрииите и вишокот килограми - сите работи кои се знак на мајчинство.
А, за тие кои мислат дека тоа е „одвратно“ запомнете, некој жена поминала низ истото за да ве донесе на овој свет и вас.
Н. Г. | Црнобело