Минијатурни дрвени резби кои кријат мистериозна приказна
- Детали
- четврток, 05 јануари 2017
Постојат многу нешта за нашите предци кои секојдневно нè изненадуваат. Една од нив се и овие минијатурни резби во дрво чија прецизност е неверојатна.
До денес пронајдени се само 135 вакви резби, но начинот на нивната изработка и нивната прецизност се нешто кое ги збунува научниците низ целиот свет.
Токму заради тоа неодамна научниците ги собраа ваквите неверојатни дела, обидувајќи се да откријат како во XVI век луѓето можеле да изработат нешто со таква прецизност.
Истражувањето покажало дека тие потекнуваат од периодот помеѓу 1500 и 1530-та година од Фландрија или Холандија.
Појавата на новата богата класа во Европа наложила и појава на минијатурни религиозни предмети кои можеле без проблем да се носат со себе. Меѓутоа со појавата на Реформацијата многу од предметите поврзани со црквата излегле од мода, каков што бил случајот и со овие дрвени резби.
Со помош на скенер и посебен софтвер за анализа на 3D било откриено дека внатрешните делови се всушност дополнително додадени, со минијатурни клинци, чија големина е помала дури и од семето на тревата.
Спојувањето е толку добро направено што може да се детектира само со посебен микро CT-скенер.
М. С. | Црнобело