Обожавам да си ја оперирам сопругата: Пластичен хирург тврди дека ја создал жената со идеални пропорции
- Детали
- вторник, 22 ноември 2016
Еден пластичен хирург открива дека тој ја користи неговата сопруга како „домашен“ модел за неговите клиенти откако ја ре-дизајнирал нејзината фигура со разни козметички процедури.
47-годишниот Филип Крафт, има своја клиника во Мајами, а неговата сопруга ја користи како модел на кој ги испробува операциите, откако таа ги родила нивните двајца синови.
43-годишната Ана е пресреќна, бидејќи е убедена дека има совршено тело благодарение на хируршката работа на нејзиниот сопруг.
Во текот на нивниот 21-годишен брак, Ана ги зголемила градите, направила липосукција, зголемување на задникот, контурирање на телото со операции, скулптурирање на струкот и абдоменот, ботокс, инјекции за полнење на усните и образите.
На почетокот таа одбивала нејзиниот сопруг да ѝ прави пластични операции, но откако ги родила двата сина, се премислила.
Сега, според нејзиниот сопруг, таа има совршено извајано тело.
„После сите операции, сега сум убеден дека е поубава и откако ја запознав на 22 години“ - вели тој.
Н. Г. | Црнобело