Отворете очи кога купувате: Девојка нашла зашиен глушец во новиот фустан
- Детали
- вторник, 15 ноември 2016
24-годишната Кејли Фисел се вратила со два фустани од Zara во нејзиниот дом во Гринвич, Конектикат. Неколку недели подоцна за првпат облекла еден од фустаните и забележала дека нешто не е во ред со истиот.
„Додека била на работа забележала непријатен, чуден мирис“ - е напишано во тужбата поднесена против Zara.
„Како поминувал денот забележала нешто што личи на конец кој се допира до нејзината нога. Кога се обидела да го скине она што ѝ личело на конец открила дека не е конец, туку мртов сошиен глушец. Поточно, нога на мртов глушец.“
„Госпоѓица Фисел скокнала од столицата на работа, шокирана и парализирана од страв. Откако го соблекла фустанот целосно сфатила дека мртов глушец е сошиен во самиот фустан.“
Со тужбата биле поднесени и две фотографии.
Zara USA вратиле: „Свесни сме за тужбата и понатамошно детално ја истражуваме ситуацијата. Zara USA има ригорозни здравствени и безбедносни стандарди и посветени сме на тоа нашите производи да бидат направени согласно тие стандарди“.
Н. Г. | Црнобело