5 најзагадени градови во светот
- Детали
- петок, 11 ноември 2016
Пред неколку дена, главниот град на Индија беше обвиткан со смог. Нивото на загадување на воздухот велат дека е 70 пати повисок од дозволеното.
Делхи е познат како еколошка катастрофа и зона во која е тешко да се живее.
Токму затоа и е на врвот на топ 5 најзагадени градови во светот.
Кои се останатите?
1. Делхи, Индија
Речиси половина од луѓето живеат во нехигиенски услови. Гасовите се од 8-те милиони автомобили, ѓубрето кое се дави во реките и индустријата која ја нарушува чистотата.
2. Линфен, Кина
Луѓето во овој град не му посакуваат ваков живот ниту на непријателот. Ова е градот кој е центар на индустријата за јаглен. Затоа воздухот содржи високи нивоа на олово, јаглерод и други хемикалии. Тука се дише исклучиво со маска и се пие флаширана вода.
3. Дзержинск
Во периодот од 1938-ма до 1998-ма година во овој град биле закопани околу 300.000 тони хемиски отпад. Концентрацијата на фенол диоксид во неговите подземни води е 17 милиони пати над дозволеното. Во 2003-та беше победник во категоријата највалкан град во светот.
4. Хазарибах, Бангладеш
Тука се произведуваат речиси 90% од кожните предмети во индустријата. За третман на овој материјал се користат сериозно штетни хемикалии, а секој ден по околу 22.000 литри од тие хемикалии се испуштаат во блиските реки.
5. Каиро, Египет
Тука постои цела населба која наликува на голем отпад за ѓубре, а во неа живеат луѓе. Нема да најдете улица на која нема отпад.
М. Д. | Црнобело